Сара Ристовска се пресели во Ѓорче Петров, Атлетик и Младост остануваат на максимум кај прволигашите

160

Откако сите сениорки на Металург Автокоманда го напуштија тимот, од вицепрвакот заминаа и поголемиот број ракометарки кои настапуваа во младинските категории. Една од нив е и Сара Ристовска, која во продолжението од сезоната ќе настапува во Првата лига. Ристовска се договори за соработка со МРК Ѓорче Петров и за младиот тим на актуелниот шампион дебитираше на натпреварот во Гостивар против Јехона. Крилото потекнува од школата на Вардар и се очекува да биде одлично засилување за тимот предводен од Милева Велкова.

Атлетик, тим формиран летоска, продолжува без пораз во прволигашката женска конкуренција. Во натпревар од 14. коло, скопскиот тим на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле Славјански Универзитет триумфираше со 28:18 и сега има 12 победи на 12 натпревари, односно 24 бода на своето конто. Второпласиран, засега, е МРК Ѓорче Петров со 18 бода, а тимот од Свети Николе има 16.

Прва лига, жени, 14. коло, резултати:
Овче Поле Славјански Универзитет – Атлетик 18:28 (5:11)
Јехона – Ѓорче Петров 13:37 (4:18)
Шампион – Стружанка 12:39 (7:17)
Деспина – слоб.

По 14 одиграни натпревари во Првата лига во машка конкуренција, тимот на Младост Богданци останува на лидерското место. Избраниците на Горан Андоновски немаат загубено ниту бод во досегашниот тек од сезоната, а зад нив веднаш е уште еден поранешен суперлигаш – Мулти Есенс. Тимот од Автокоманда загуби само на гостувањето во Богданци. Двете екипи на табелата имаат по 26 бода, но Младост има натпревар помалку.

Прва лига, мажи, 14. коло, резултати:
Овче Поле – Македонија Ѓорче Петров 23:29 (10:11)
Текстилец – Преспа 37:30 (17:16)
Шампион – Мулти Есенс 22:46 (7:23)
Драчево Јуниор – Аеродром 37:29 (17:13)
Младост – Партизан 39:23 (17:13)
Кичево – Вардар Неготино – одлож.
Јехона – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT