Денеска стартува главната фаза во Лигата на Европа, а македонскиот вицепрвак Вардар, кој групната фаза ја заврши со биланс од пет победи и еден пораз, натпреварувањето го продолжува со гостување во Португалија.
Ривал на избраниците на Иван Чупиќ ќе биде Бенфика, а натпреварот, кој започнува од 18:45 часот, можете да го проследите на МРТ 3, односно на следниов ЛИНК, на ЕХФ ТВ, каде што ќе ви биде потребна регистрација во неколку чекори, како и на Арена Спорт 2.
Вардарци со евентуална победа ќе го зголемат бодовното салдо и ќе дојдат до четири бода на своето конто.