Со натпреварот меѓу Мулти Есенс и Тиквеш стартуваше вториот дел од сезоната во младинската лига во машка конкуренција.
Актуелниот шампион целосно ја оправда улогата на фаворит и триумфираше со 39:25 (14:12).
Кавадарчани парираа во првото полувреме, но домаќинот одигра фуриозно во вторите 30 минути, во кои постигна дури 25 гола.
Марин Крстевски со седум погодоци беше најефикасен во победничкиот табор, а по шест постигнаа Бобан Поповски и Матеј Петрески.
Кај Тиквеш најдобар беше Мики Лазов со девет погодоци, а го следеше Димитриј Ангелов со пет реализации.