Денеска со натпреварот меѓу Мулти Есенс и Овче Поле ќе започне новото, 16. коло во Првата лига во машка конкуренција.
Младиот тим од Автокоманда ќе ја има фаворитската улога пред својата публика, а натпреварот стартува од 20:45 часот.
Лидерот Младост од Богданци утре ќе гостува кај Вардар Неготино и на утрешниот дуел ќе атакува на 14-та сезонска победа.
Неготинци, кои останаа без засилувањата од првиот дел од сезоната, ќе се обидат да се претстават во добро светло пред своите навивачи.
Прва машка лига, 16. коло, распоред:
20.02, 20:45, Мулти Есенс – Овче Поле
21.02, 15:00, Партизан – Јехона
21.02, 17:00, Аеродром – Шампион
21.02, 18:00, Македонија Ѓорче Петров – Кичево
21.02, 18:30, Вардар Неготино – Младост
22.02, 15:00, Преспа – Драчево Јуниор
Текстилец – слоб.
ТАБЕЛА
