Еден од странските голмани кои што настапувале во македонската Супер лига е искусниот Дарко Арсиќ, кој мораше привремено да ја прекине кариерата.
Капитенот и член на Металопластика се соочил со сериозни срцеви проблеми, по што итно му била извршена операција и му бил вграден стент. Зафатот поминал успешно, а искусниот чувар на мрежата моментално се наоѓа на домашно лекување.
Од клубот информираа дека неговото здравје е во стабилна состојба, но за евентуалното враќање на терените ќе се размислува дури по целосното закрепнување и дополнителните лекарски прегледи.
37-годишниот Арсиќ во Македонија го бранеше голот на Металург во сезона 2016/17 во која пристигна токму од Металопластика.