Кадетите на Пролет играат одлично – имаат десет од десет во лигата

241

Со натпреварот меѓу Пролет и Еурофарм Пелистер стартуваше новото, 10. коло во кадетската машка лига, а на дуелот одигран во спортската сала „Македонско Сонце“ победа забележаа домаќините, кои триумфираа со 27:24 за десетти сезонски триумф. Кадетскиот тим на Пролет и во Битола успеа да ги совлада пелистерци, тогаш со голот на Дамчевски обезбеди победа од 28:27.

Пролет засега е единствениот тим од групата Б кој нема загубено бод и е на максимум – десет од десет. Натпреварот мина во егал, како што и се очекуваше, а Пролет победата ја обезбеди со поголема смиреност во завршните десет минути, во кои имаше повеќе нерви и концентрација од гостите.

Во последните десет минути видовме пет одбранети удари на голманите, две на гостинскиот голман и три на Лазе Великиќески. Технички грешки и избрзани шутеви имаа двете екипи во клучните моменти, но Пролет трпеливо чекаше и дочека.

Иако Еурофарм Пелистер имаше напад за израмнување за 25:25, брзоплето погреши, домаќините лесно реализираа за 26:24 и тука веќе можеше да започне славјето на домашната  клупа.

Најефикасен во победничката екипа беше средниот бек Давор Крстески со седум погодоци, по четири имаа Лука Јовиќ и Ѓорѓи Лешниковски, а трипати погоди Огнен Александров. Во тимот од Битола, Стефан Василевски беше прво име со седум реализации, една помалку имаше Јован Симоновски.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT