Сејадин повторно со гол-шоу, Дуновска блесна: Стружанка со втор триумф во кадетската лига

111

По постигнатите 15 погодоци против Јехона во Првата лига, членката на Стружанка, Еџе Сејадин, повторно имаше гол шоу, овојпат во кадетска конкуренција.

Стружанка во рамките на 8. коло го пречека Овче Поле Славјански Универзитет и славеше со 28:16, а Сејадин го заврши натпреварот како најефикасна со 14 погодоци.

Талентираната ракометарка во редовите на Стружанка пристигна кон крајот на септември минатата година, а на пет натпревари во кадетската лига постигна вкупно 43 погодоци, што ја прави моментално најдобар стрелец во лигата.

Освен Сејадин, одлично во победничката екипа се покажа и кадетската репрезентативка Марија Дуновска, која имаша над 15 интервенции.

Кај гостинките, Мелита Петрова и Тијара Темелковска беа најефикасна, двете имаа по четири успешни реализации во мрежата на домашниот тим.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT