Откако Тиквеш доживеа елиминација во првата рунда во Европскиот Куп, Македонија остана со два претставници – Охрид и Алкалоид, двете екипи авантурата во третото по ранг европско клупско натпреварување ќе ја стартуваат од втората рунда, а првите натпревари ќе ги одиграат на домашен терен. Амбициозниот Охрид, кој пред извесен период се засили со екс ракометарот на Вардар и Еурофарм Пелистер, Ловро Јотиќ, за ривал во втората рунда ја има романската Потаиса Турда. Првиот натпревар меѓу Охрид и Потаиса Турда се игра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот, додека реваншот на 26 октомври во Романија.
Тимот на Кире Лазаров реши оваа сезона да игра во Европскиот Куп и за ривал во втората рунда го има Драгунас Клаипеда од Литванија. Станува збор за лесен ривал, но момците на Лазаров ќе треба максимално да одработат. Првото соочување меѓу Алкалоид и Драгунас Клаипеда се игра в сабота со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Автокоманда“. Реваншот е закажан за 26 октомври во балтичката земја.