Андреа Илиќ блескаше против Белгија – партија за чиста десетка

227

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија славеше против Белгија во Куманово со 33:28 во рамките од 4. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, со што си ги задржа шансите да игра на осмо ЕП.

Фактор што ја правеше разликата беше голманката Андреа Илиќ. Вардарката бранеше голем дел од натпреварот, а со своите интервенции, од кои повеќето беа во дуели еден на еден, успеа да ја одржи предноста на македонската селекција и да им даде дополнителна сигурност на соиграчките, особено во моментите кога Македонија се одлепуваше на повисока разлика од два-три гола.

Во целата средба успеа да одбрани 14 шута на противничките, што беше клучно за конечниот резултат. Илиќ и во првата пресметка со Белгија на 4 март беше одлична и го покажа својот квалитет, иако влезе како замена.

Голманката во репрезентацијата работи под палката на екс‑репрезентативката Тања Андрејева додека на клупско ниво своите вештини ги усовршува со Александра Кузмановска.

Во последните две сезони, на клупско ниво, Илиќ покажува сериозен напредок, што го потврди и со репрезентативниот повик.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT