Пионерите на Струга денеска пред својата публика се израдуваа на победа, откако славеа против своите врсници од Еурофарм Пелистер со 24:16.
За Струга ова беше седма сезонска победа, а во победата над младите пелистерци беше предводена од Војо Клењоски, играч кој добива шанса и во сениорскиот тим.
Талентираниот Клењоски беше стрелец на осум погодоци и денес победата доби и посебна вредност – Војо го слави својот 16-ти роденден.
Честитки за младиот ас, кој продолжува да покажува дека иднината на струшкиот ракомет е светла.