Кадетите на Пролет на гостувањето кај Струга немаа поголеми проблеми да ја продолжат победничката серија, триумфираа со 41:19 во натпревар од 11. коло од групата Б.
Победничката екипа ја предводеше Лука Јовиќ, кој имаше десет успешни реализации во домашната мрежа, седум погодоци постигна Мартин Деспотовски, шест додаде Давор Крстески, а пет запиша Огнен Александров.
Кај Струга се истакнаа Лукас Стефановиќ и Валентин Ѓорговски, кои постигнаа по седум погодоци.
За Пролет ова беше 11-та сезонска победа и заедно со Мулти Есенс (група А) се единствените две екипи без загубен бод во досегашниот тек од сезоната.