Вечните ривали се избегнаа во полуфиналето – познати паровите за Ф4 од Купот

58

Денеска во просториите на РФМ беа извлечени полуфиналните двојки за претстојната битка за трофејот во Купот на Македонија.

Оваа година домаќин на Ф4 турнирот ќе биде Струмица, каде во салата „Парк“ четирите најдобри екипи ќе се борат за престижниот пехар. Интересно, составот на учесници останува непроменет во однос на минатата година, што дополнително гарантира неизвесност и квалитетни натпревари.

Ждрепката посака да нема директен судир меѓу најголемите ривали во полуфиналето, па сценариото е речиси пресликано од лани.

Еурофарм Пелистер ќе ги одмери силите со амбициониот Охрид, додека Алкалоид ќе излезе на мегдан против бранителот на трофејот, тимот на Вардар.

Големото финале е предвидено за 19 април.

Куп на Македонија – Ф4
ПОЛУФИНАЛЕ – 17 АПРИЛ
17:00 – Охрид – Еурофарм Пелистер
20:00 – Алкалоид – Вардар

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT