Македонија против Грција, Луксембург и Шведска ќе води битка за ЕП 2028!

248

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва ги дозна ривалите во квалификациите за пласман на континенталниот собир 2028.

Домаќини на ЕП ќе бидат Швајцарија, Шпанија и Португалија, а Македонија во квалификациите ќе игра против репрезентациите на Луксембург, Грција и Шведска во рамките од групата 8.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат прво и второпласираните репрезентации од осумте групи, како и најдобрите четири третопласирани репрезентации.

Европското првенство 2028 ќе се игра во периодот од 13 до 28 јануари.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT