Ракометните љубители во Автокоманда утре ќе имаат убава можност да проследат два натпревари – еден од Првата лига и еден од Супер лигата.
Најпрво, со почеток од 15:00 часот, ќе се соочат двете водечки екипи во прволигашката конкуренција, Мулти Есенс и Младост од Богданци, во рамките од 20. коло.
Младост досега има максимален учинок и нема загубено ниту еден бод, додека тимот предводен од Миле Бочкаровски го има единствениот пораз токму од ривалот од Богданци, а на сите останати натпревари забележа победи.
Неколку часа подоцна, односно од 18:00 часот, Алкалоид ќе го пречека Тиквеш во натпревар од 3. коло од суперлигашкиот плеј-оф. Ова коло следува по кратката пауза, а во претходното, второ коло, избраниците на Кирил Лазаров освоија бод на тешкото гостување кај Охрид, додека Тиквеш славеше против Бутел.