Овче Поле Славјански Универзитет утре игра важен меч на домашен терен

134

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет утре пред својата публика ќе одигра исклучително важен натпревар во рамките од прволигашката конкуренција.

Во Свети Николе гостува составот на Деспина од Прилеп, а домашниот тим ќе треба да даде 100% од силите за да остане во трката за суперлигашкиот бараж, што му дава дополнителна тежина на овој дуел.

Деспина во досегашниот тек од сезоната има освоено 16 бода, со учинок од осум победи, додека Овче Поле Славјански Универзитет има 11 триумфи и ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен.

Во досегашните меѓусебни дуели, поуспешен е тимот од Свети Николе, кој славеше на двата првенствени натпревари (33:21, 21:20), а беше убедлив и во елиминациското коло од Купот на Македонија, триумфирајќи со 38:19.

Сепак, се очекува борбен и неизвесен натпревар, со оглед на мотивот кај двете екипи. Прилепчанки, по поразот од МРК Ѓорче Петров, посакуваат да им се вратат на победите, додека домаќинот ќе се обиде да стигне до својата 12-та сезонска победа.

Натпреварот меѓу двете екипи ќе започне од 17:30 часот во спортската сала „Цар Самоил“, а влезот за сите љубители е слободен.

ТАБЕЛА

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT