Во Свети Николе тешко се освојуваат бодови

Овче Поле Славјански Универзитет пред своите навивачи ја прослави 12-та сезонска победа во Првата лига и ја продолжи трката за суперлигашки бараж.

209

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет ја продолжуваат битката за суперлигашки бараж, откако во натпревар од 19. коло славеа над Деспина со 29:21 (15:15) и сега привремено го презедоа второто место на табелата.

За Овче Поле Славјански Универзитет ова е трета првенствена победа над Деспина, односно четврта сезонава (со триумфот и во елиминациското коло од Купот).

Публиката во спортската сала „Цар Самоил“ со аплауз го наградуваше секој гол и атрактивен потег на тимот предводен од Илија Бетувски и Давид Конев. Домашната екипа победата ја обезбеди со одличната игра во периодот од 35-та до 45-та минута, кога од 18:18 стигна до 23:18. Во тој дел од натпреварот, посебен акцент во одбраната беше ставен на искусната Мери Гичева, на која ѝ се играше фластер.

Во последниот период домаќинките успеаја да ја зголемат разликата, иако во целост не ги искористуваа грешките на ривалот, кој целосно потона, па тимот на Деспина мораше на крајот да му подаде рака на домаќинот.

Најефикасна во победничкиот табор беше Анастасија Сентовска со десет погодоци, а одлично се покажаа и Јана Ристовска и Јована Конева, кои постигнаа по шест, односно пет погодоци. Кај Деспина се истакна Мери Гичева со шест погодоци.

Табела: Атлетик 32, Овче Поле Славјански Универзитет 24, МРК Ѓорче Петров 22, Деспина, 16, Срружанка 14, Јехона 6, Шампион 0

Во 20. коло, ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет се слободни, додека Деспина на свој терен ќе ја пречека Стружанка.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT