Крстески одигра „за десетка“ – Пролет продолжува во победнички ритам

128

Овој викенд стартуваше првото коло од младинскиот плеј-оф/аут, а колото ќе биде комплетирано со два натпревари кои ќе се одиграат во текот на утрешниот ден.

Тимот на Пролет пред својата публика успеа да триумфира над Куманово со 37:25 (18:13), а одличен впечаток на теренот остави средниот бек Давор Крстески. Прилепчанецот натпреварот го заврши со десет постигнати погодоци, а зад своето име запиша и неколку асистенции.

Со тие 10 погодоци на денешниот дуел дојде до вкупно 63 во досегашниот тек од сезоната. По пет успешни реализации за победничкиот тим имаа Горазд Дамчевски и Марко Ѓорѓески, додека кај Куманово прв стрелец беше Тино Стојановски со шест погодоци, а по пет постигнаа и Христијан Вујичевски и Владимир Мицевски.

За Пролет ова беше 14-та сезонска победа, односно петта во низа. Сега Пролет има ист број бодови со Еурофарм Пелистер 2 – двете екипи се на 28 бода, додека лидерот Мулти Есенс, кој утре ќе ги одмери силите со Бутел, има 34.

Младинска лига, 1. коло, плеј-оф, резултати:
Пролет – Куманово 37:25 (18:13)
Давор Крстески 10/ Тино Стојановски 6
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2 36:29 (20:17)
Максим Гарбески 7, Антонио Наковски 7/Александар Славков 7, Андреј Дамчевски 6
30.03, 18:00, Бутел – Мулти Есенс

Младинска лига, 1. коло, плеј-аут, резултати:
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 49:28 (26:13)
Андреј Георгиев 10, Павел Велјановски 8/Јован Јовановски 12, Давид Станковиќ 8
30.03, 19:00, Вардар – Тиквеш

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT