Од Охрид со јасна порака пред реваншот со Олимпијакос: Политиката настрана!

144

Охриѓани се на чекор до испишување клупска историја и пласман во полуфиналето на Европскиот Куп. За да ја остварат целта, ќе треба да го повторат изданието од првиот натпревар во Атина, каде што триумфираа со пет гола разлика над Олимпијакос, 31:26.

Реванш дуелот против Олимпијакос ќе се одигра на 4 април во Охрид, а од клубот потенцираат дека поддршката од трибините може да биде клучен фактор.

Спортскиот директор на клубот, Славчо Ристески, истакна политиката треба да се стави настрана, односно да има фер и спортска атмосфера во СРЦ „Билјанини Извори“.

„Почитувани охриѓани, симпатизери, навивачи и љубители на ракометот! ГРК Охрид за градот од коло во коло на Европската сцена пишува историја! Одигравме одличен натпревар во Атина и се вративме како победници. Но, имаме уште 60 минути на домашен терен. Бевме одлично примени од екипата на Олимпијакос и натпреварот помина во одлична ракометна атмосфера. Ја повикувам публиката, симпатизерите и навивачите во сабота да бидат 8-от играч на ГРК Охрид и ветер во грб на нашите гладијатори. Ве молам со фер и најкоректно навивање и поддршка за нашите момци да му помогнете на клубот. Транспарентите во преполната сала Билјанини Извори да бидат исклучиво за поддршка на нашиот клуб и Македонија, да ја оставиме политиката настрана и да му помогнеме на нашиот град да испишува историја.“

 

Во меѓувреме, македонскиот суперлигаш денеска се пофали со потписот на уште еден интернационалец – Доминик Мате, кој во Охрид ќе пристигне од Елверум. Двете страни се договорија на двегодишна соработка.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT