Утре суперлигашко дерби: Шампионот гостува кај Алкалоид

118

Утре со натпреварот меѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер ќе биде комплетирано 4. коло од суперлигашкиот плеј-оф. Во ова коло, тимот на Вардар рутински славеше против Бутел, додека во Охрид, истоимениот тим немаше поголеми проблеми да стигне до убедлива победа над Тиквеш.

Еурофарм Пелистер во претходното, 3. коло, на свој терен беше поразен од Охрид во последната секунда, со голот на Тилен Стрмљан, па утрешниот натпревар во Автокоманда за битолскиот тим ќе биде од голема важност – освојување на два бода за враќање на победничките патеки.

Алкалоид, пак, со евентуална победа дополнително ќе ја направи неизвесна трката за втората позиција, на која моментално се наоѓа Охрид. Во случај да победи Алкалоид, тогаш овој тим заедно со Еурофарм Пелистер ќе има по 42 бода, два помалку од Охрид (44) и дури осум помалку од актуелниот лидер Вардар, кој засега во плеј-офот има максимален ефек и на свое конто има 52 бода, односно е на чекор до враќање на титулата во свои раце.

На последните меѓусебни пресметки меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид во регуларниот дел од Супер лигата немаше победник. На 30 ноември двата тима ремизираа 26:26, додека и првиот дуел во Автокоманда заврши без победник, 33:33. Дуелот во Автокоманда (19:30 часот) ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека делегати ќе бидат Ацо Николовски и Марјан Огњановски.

ТАБЕЛА

 

 

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT