Македонија ќе игра на Европското првенство 2026

185

Женската сениорска репрезентација на Македонија, иако загуби од Словенија во Велење со 27:18 во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026, сепак обезбеди пласман меѓу најдобрите селекции на континенталниот собир.

Македонија настапот на Европското првенство го избори како една од најдобрите четири третопласирани репрезентации во групите, а клучно за освоеното трето место во групата 3 се покажа единствената победа над Белгија во Куманово.

Стручниот штаб на Македонија ќе треба темелно да анализира и да работи на корекција на слабостите, бидејќи на Европското првенство секој натпревар ќе биде од голема важност.

Ова ќе биде трет настап во низа за Македонија, откако во 2022 година обезбеди директно учество како ко-организатор заедно со Словенија и Црна Гора, а потоа преку квалификациите избори пласман и на Европското првенство 2024 во Унгарија.

Европско првенство 2026 ќе се одржи во пет земји – Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција. Покрај Македонија, од поранешна Југославија пласман обезбедија и репрезентациите на Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT