Мартин Карапалевски меѓу најдобрите во Асобал лигата

118

Македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски игра во сè подобра форма во една од најквалитетните лиги во светот – Асобал лигата.

Средниот бек се најде во тимот на колото во Асобал лигата, како најдобар на својата позиција, во друштво на Дика Мем, Адриан Сола, Марио Дорадо…

Македонецот и неговиот Ваљадолид во натпревар од 24. коло славеа над Кангас со 29:23 и ги задржаа шансите за пласман на европска сцена.

Ваљадолид до победата беше предводен токму од Карапалевски, кој постигна седум погодоци, а на своето конто запиша и една асистенција.

Карапалевски во последниот период е поврзуван со кам-бек во Македонија, односно со трансфер во амбициозниот проект на Охрид.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT