Откако кошаркарките на Гевгелија го освоија првото место во второлигашката конкуренција и обезбедија пласман во најквалитетното домашно натпреварување за следната сезона, на чекор до ист успех се и кошаркарите на Гевгелија.
Во поранешната Втора лига, денес позната како Аматерска лига, финалето обезбедија Гевгелија и новоформираниот клуб Шар Планина од Гостивар. Во првиот натпревар гевгеличани беа убедливи и славеа со 91:56, но во реваншот Шар Планина возврати со далеку подобра игра, ја искористи предноста на домашен терен и триумфираше со 68:56.
По изедначената финална серија, следува решавачка „мајсторка“ во Гевгелија. Победникот од овој натпревар ќе избори пласман во Првата лига за следната сезона, каде што ќе има поквалитетна конкуренција, но и поголем број натпревари.
Одлучувачкиот дуел ќе се одигра утре (19 април) со почеток од 16:00 часот во спортската сала „26 април“ во Гевгелија.