🎥Кога одбраната е на ниво, а Фехми брани, ни со двајца повеќе не се постигнува гол (ВИДЕО)

193

Машката кадетска репрезентација на Македонија успешно го заврши настапот на Медитеранското првенство во Словачка (за играчи до генерација 2008) откако во натпреварот за 5. место триумфираше над Хрватска со 24:15.

Нашите ракометари доминираа во текот на целиот натпревар, посебно во последните 15 минути, а во неколку наврати, ривалот ни со два играчи повеќе не можеше да го совлада голманот Мелин Фехми.

Следен предизвик за кадетите ќе биде настапот на Светското првенство во училишен ракомет во Скопје, настап кој ќе се одржи во периодот од 22 до 28 април.

Овие настапи на кадетите се дел од подготвителниот период за Европското кадетско првенство во Србија. Кадетскиот континентален собир е на програмата од 29 јули до 9 август, а нашите надежи се во група со Словенија, Франција и Шведска.

БРАВО: Кадетите ја средија Хрватска и завршија на 5. место на Медитеранското првенство

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT