Овој викенд во рамките од Втората кошаркарска лига ќе се одиграат речиси сите натпревари од 3. коло. Вториот тим на аеродромци третата победа во второлигашката конкуренција ќе ја бара во Прилеп кај Мега баскет. Иако МЗТ Скопје Уни Банка е фаворит против Мега баскет, сепак, и домашниот тим се прашува на овој натпревар.
Интересен дуел се очекува да има меѓу Маџари и Ангели, екипи кои победија во воведните два натпревари од новата сезона. Новиот второлигаш, тимот на Бутел, ќе се соочи со младиот тим на Водно Санс, додека Охрид на свој терен ќе биде домаќин на Академија ФМП.
Вториот тим на Работнички за трет ривал го има Црн Дрим, а штипскиот Соколи, кој е еден од трите екипи со максимален ефект, односно има „два од два“, ќе гостува во Велес кај Борец баскет.
Втора лига, 3. коло, распоред:
26.10, 19:00, Мега баскет – МЗТ Скопје Уни Банка
26.10, 19:00, Маџари – Ангели
26.10, 20:00, Работнички – Црн Дрим
27.10, 16:00, Охрид – Академија ФМП
27.10, 18:00, Борец баскет – Соколи
28.10, 15:00, Бутел – Водно Санс