Ракометарите на Охрид денеска ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар против Целје во рамките од Европскиот Куп.
Охриѓани во „Арена Златорог“ ќе имаат солидна поддршка од македонската дијаспора, па иако ослабени поради неиграњето на неколку клучни ракометари, ќе се обидат да остварат поволен резултат пред реваншот.
Со евентуален триумф, Охрид ќе ја продолжи победничката серија на европска сцена и ќе биде на чекор до историско финале.
Натпреварот започнува од 18:00 часот и ќе може да го проследите на МРТ 3 каналот, како и на овој ЛИНК.