Мулти Есенс славеше во Неготино – му треба уште бод за титула

144

Екипата на Мулти Есенс во претпоследното, 25. коло од Првата лига, на гостувањето кај Вардар Неготино дојде до победа од 37:29 (24:13) и на чекор е до шампионската титула во прволигашката конкуренција.

Мулти Есенс сега има 44 бода, три повеќе од Младост Богданци (41), кој има и натпревар помалку. Во последното коло, тимот предводен од Миле Бочкаровски ќе биде домаќин на Драчево Јуниор, па на тој дуел ќе му биде доволен и бод за осигурување на првата позиција на табелата и кам-бек во најквалитетното домашно сениорско натпреварување.

Во меѓусебните пресметки меѓу Мулти Есенс и Младост Богданци, подобри се ракометарите на Бочкаровски поради убедливата победа на домашен терен од 39:27. На првиот меѓусебен дуел, Младост беше подобар со 31:30.

На вечерашниот дуел во Неготино, кадетскиот репрезентативец Бобан Поповски беше најефикасен во победничкиот тим со десет погодоци, додека по седум постигнаа Немања Џигероски и Дарјан Ѓоќески. Кај Вардар Неготино, најефикасен беше Ѓорѓи Орешков со девет погодоци.

Прва лига. 25. коло, резултати и и распоред:
Вардар Неготино – Мулти Есенс 29:37 (13:24)
Ѓорѓи Орешков 9. Бибан Поповски 10
Партизан Гевгелија – Македонија Ѓорче Петров 37:40 (20:20)
Илија Пејковски 9/Панче Ристевски 10
09.05, 19:00 Драчево Јуниор – Текстилец
10.05, 19:00, Аеродром – Младост
10.05, 19:00, Шампион – Јехона
Преспа – Кичево (службено, 10:0 за Преспа)
Овче Поле – слоб.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT