Тиквеш парираше, но Алкалоид си замина победнички од Кавадарци

148

Во натпревар од 8. коло од суперлигашкиот плеј-оф, во Кавадарци се судрија Тиквеш и Алкалоид, а на крајот се радуваа гостите кои триумфираа со 30:23 (11:11).

Кавадарчани до 40-та минута беа рамноправен ривал. Во првиот дел имаа свои блесоци и во неколку наврати водеа со 1-2 гола разлика, но Алкалоид постепено го наметнуваше своето темпо и со посигурна и поангажирана игра во завршницата стигна до поубедлива победа.

Најефикасен кај Алкалоид беше Урош Борзаш со седум реализации, една помалку имаше Улфар Пал Монси Тордарсон. Кај Тиквеш се истакнаа Томче Стојановски и Богдан Мијушковиќ со по шест погодоци.

Во гостинскиот табор, младиот голман и кадетски репрезентативец Ѓорѓи Николовски имаше девет интервенции, пет запиша Марко Кизиќ, додека на спротивната страна Василије Пецурица сопре осум удари.

За Алкалоид ова беше 19-та сезонска победа и сега има 42 бода, додека Тиквеш останува на 24 бода.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT