Познати се сите патници на кадетскиот Ф4

457

Екипата на Охрид е последниот патник на Ф4 турнирот во кадетската лига, откако и на реваншот против Вардар славеше победа со 32:30, а на првата пресметка младите „гладијатори“ беа подобри со 35:27.

Охриѓани беа предводени од Тане Јанчески, кој одигра одличен натпревар и беше стрелец на 12 погодоци, додека кај Вардар се истакна Антонио Трајановски со девет погодоци.

Пред овој натпревар беше одигран и реваншот меѓу Пролет и Илинден Вардар, кој повеќе наликуваше на формалност, бидејќи на првиот четвртфинален дуел избраниците на Игор Илиевски триумфираа со 49:21.

На денешниот дуел, тимот на Пролет оствари победа од 40:24, а најефикасни во победата на домаќините беа Лука Јовиќ и Димитар Симовски, кои постигнаа по седум погодоци. Кај Илинден Вардар, еден од најдобрите играчи во оваа конкуренција, Никола Павловски, беше стрелец на осум погодоци, а четири додаде Леон Николов.

На завршницата на Ф4 ќе учествуваат и Еурофарм Пелистер и Мулти Есенс. Овие две екипи во братските дуели против Еурофарм Пелистер 2, односно Алкалоид, немаа поголеми проблеми да стигнат до победи.

Еурофарм Пелистер на двата натпревари од четвртфиналето славеше над Еурофарм Пелистер 2 (52:26, 36:31), а истиот случај беше и со Мулти Есенс против Алкалоид (44:39, 58:42).

Ф4 турнирот кај кадетите за оваа сезона, според распоредот, е планиран за 24 мај. Дополнително треба да бидe познат организаторт, како и саатниците за одигрување на натпреварите.

Актуелен бранител на титулата е Еурофарм Пелистер.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT