Тиквеш и Вардар Неготино приредија голеада во „Јасмин“

320

Во натпревар од 5. коло од младинскиот плеј-аут се сретнаа Тиквеш и Вардар Неготино во Кавадарци, а двете екипи речиси играа без одбрана, па така во спортската сала „Јасмин“ паднаа дури 81 погодок.

Домаќините се радуваа на победа од 49:32 (23:18), а овој натпревар го одбележа голгетерското шоу на неколку играчи на теренот.

Најефикасен и најрасположен беше членот на Вардар Неготино, Јован Јовановски, кој постигна дури 16 погодоци.

Кај домаќините, Мики Лазов имаше 11 реализации, Димитриј Ангелов додаде десет, а Марио Ѓорѓиев натпреварот го заврши со девет погодоци.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT