🎥Драма во „Јане Сандански“ во натпревар од младинската лига: Еурофарм Пелистер со гол од пенал славеше над Вардар

609

Во 5. коло од плеј-аут фазата во младинската лига, во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, по четврти пат сезонава се сретнаа Еурофарм Пелистер и Вардар.

Во драматичен финиш, битолчани со голот на Стефан Василевски од пенал успеаја да ги освојат бодовите, триумфирајќи со 30:29 (15:14) за четврта победа сезонава над „црвено-црните“.

Стефан Василевски и Андреј Георгиев со десет погодоци беа најефикасни во гостинскиот табор, а осум постигна Јован Симоновски.

Кај Вардар, Огнен Тасевски беше најефикасен со девет погодоци, додека Николче Нечовски, кој од следната сезона ќе настапува за сениорскиот тим на македонскиот шампион, постигна шест погодоци.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT