Младите надежи на Овче Поле Славјански Универзитет се истакнаа во убедливата победа над Јехона

326

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет во натпреварот од 24. коло од Првата лига немаа проблеми против Јехона и остварија убедлива победа со 49:21 (23:7).

Гостинскиот тим од Гостивар, кој настапува со многу млада генерација, го даде својот максимум, но искуството на домашната екипа беше пресудно за високата победа.

Одличен натпревар во победничкиот состав, покрај Анастасија Сентовска, која постигна 14 гола, имаа и младите Нина Крстева, Лана Младеновска и Весна Наковска, кои прикажаа солидни настапи и во кадетската лига.

Кај гостинките, Алтина Хасани беше најефикасна со шест погодоци, додека Хана Далипи постигна пет погодоци.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT