Македонија ЃП со победнички крај, емотивен меч за Неделковски

141

Македонија Ѓорче Петров во последното коло од Првата лига триумфираше на свој терен против Вардар Неготино со 37:30 и сезоната ја заврши во ТОП 4, односно на 4. позиција.

На 24 одиграни натпревари, ракометарите на Македонија Ѓорче Петров остварија биланс од 16 победи, едно реми и седум порази, со што на своето конто собраа 32 бода.

Неготинци, пак, кои во вториот дел настапија со променет состав во однос на првиот дел од сезоната, завршија на 5. позиција со бод помалку од „лавовите“ – 31.

Денешниот дуел беше посебен за капитенот на домаќините, Боби Неделковски, кој го одигра својот последен натпревар за клубот во кој ги направи првите ракометни чекори и остана верен до самиот крај.

Неделковски ќе остане активен во ракометот и во Македонија Ѓорче Петров, но од наредната сезона ќе започне ново поглавје – ќе стартува тренерска кариера.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT