Довчерашен член на Кожув се сели во САД

40

Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ ќе ја продолжи кариерата во Соединетите Американски Држави, откако договори соработка со универзитетскиот тим на УТ Арлингтон, кој се натпреварува во НЦАА 1 лигата.

За 22-годишниот центар ова ќе биде нов интернационален предизвик, а по настапите во македонската Супер лига повторно ќе има можност да се докажува надвор од нашата држава.

Симиќ од јануари 2025 година настапуваше за Кожув, каде пристигна од редовите на ТФТ.

Во текот на својата кариера беше дел и од младинската академија на Барселона, Борац Бања Лука, како и  шпанскиот Прат.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT