Заврши Супер лигата: Димитар Димитриоски е најдобар стрелец

157

Со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп беше спуштена завесата во суперлигашката конкуренција за оваа сезона, а прилепчани со победата од 28:24 перфектно ја заокружија сезоната, во која го освоија првото место во плеј-аут фазата, односно седмото во конечниот поредок.

Избраниците на Наум Танески одиграа одлично во пролетниот дел од сезоната и запишаа десет победи на десет натпревари, а натпреварувачката сезона ја завршија со вкупно 20 победи. На Прилеп за влакно им избега настапот во плеј-офот, па сигурни наредната сезона ќе влезат со зголемени амбиции за пласман во ТОП 6.

На денешниот натпревар во Битола најефикасен беше играчот со интернационално искуство од редовите на Прилеп, Димитар Димитриоски. Левото крило сезоната ја заврши и како најдобар стрелец во Супер лигата.

Димитриоски постигна 212 погодоци од 267 обиди, што претставува импресивни 79 проценти на успешност. Овие бројки потврдуваат дека прилепчанецот беше еден од најконстантните и најефикасни ракометари во текот на целата сезона.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT