Новиот вардарец Абделхак ќе се бори за трофеј во Лигата на Европа

52

Едно од новите засилувања на шампионот Вардар за следната сезона, Мохаб Абделхак, ќе има убава можност на најдобар начин да го заврши својот престој во Кил.

Египетскиот десен бек и „зебрите“ изборија пласман во финалето на Лигата на Европа, откако во полуфиналето на Ф4 турнирот во Хамбург славеа над Монпелје со 29:28.

Херој на Кил беше голманот Волф, кој со двојна интервенција во последната секунда спречи продолженија, а Абделхак постигна еден гол.

Ривал на Кил во утрешното финале (18:00 часот) ќе биде Мелсунген, тимот на екс-тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, како и на поранешниот член на „црвено-црните“, Даинис Кристопанс.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT