Европското првенство за младинци е сѐ поблиску, а познат е поширокиот список на Македонија за настапот на континенталниот собир во Романија.
Новиот селектор Игор Илиевски одреди 35 ракометари кои ќе конкурираат за место во конечниот состав. На списокот објавен од ЕХФ се наоѓаат 34 ракометари од македонските клубови и само еден интернационалец. Станува збор за Милош Стојановиќ, член на словенечки Тримо Требње.
Меѓу повиканите го нема левиот бек на Алкалоид, Дамјан Митев, кој веќе има и сениорско репрезентативно искуство.
Подготовките за Европското првенство се планирани кон средината на овој месец, а младинскиот континентален собир ќе се одржи од 9 до 19 јули во романските градови Клуж и Турда.
Македонија во групната фаза ќе се соочи со селекциите на Данска, Норвешка и Хрватска.

