Една од најдобрите стрелци во лигата го засили Чаир

64

Вицешампионот Чаир активно работи на комплетирање на играчкиот ростер за следната сезона, во која амбициите остануваат непроменети – напад на шампионската титула во домашното првенство и што подобар настап на европска сцена.

Во таа насока, Чаир го обезбеди потписот на Росана Павлова (десно крило, игра во два правци), поранешна младинска репрезентативка на Македонија и една од најистакнатите ракометарки во домашното првенство.

Павлова зад себе имаше одлична сезона во дресот на Куманово, во која на 25 натпревари постигна 108 погодоци и се најде меѓу 15-те најдобри стрелци во шампионатот.

Со Куманово настапуваше и на европска сцена, односно во Европскиот Куп. Ракометната кариера ја започна во родната Струмица, а го носеше дресот и на некогашниот суперлигаш ЖРК Скопје.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT