Македонија ги доби ривалите за Мундијалот во Германија!

95

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва ги дозна ривалите за Светското првенство 2027, кое ќе се одржи во Германија.

Македонија во Германија ќе го има своето деветто учество на Мундијалите, а во групната фаза ќе се соочи со три репрезентации.

Избраниците на Кире Лазаров ќе играат во групата Х (Магдебург) против репрезентациите на Исланд, Бахреин и Јапонија, а најдобрите три селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза.

Мундијалот во Германија ќе се одржи во периодот од 13 до 31 јануари 2027 година. На претходното Светско првенство, Македонија го освои 15. место.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT