Линкови за натпреварите на Македонија против Австрија и Летонија

89

Машката младинска репрезентација на Македонија, по трите порази во групната фаза на Европското првенство во Романија, ќе го продолжи својот настап во разигрувањето за пласман на континенталниот собир.

Следни ривали на Македонија ќе бидат селекциите на Австрија и Летонија – репрезентации против кои што нашите ракометари можат да се носат. Избраниците на селекторот Игор Илиевски сигурно ќе бидат дополнително мотивирани да го дадат најдоброто од себе на овие два натпревари.

Во зависност од конечниот исход во групата, во која се наоѓа и селекцијата на Норвешка, ќе биде познато како ќе разигрува Македонија, дали ќе се бори за местата од 13-16, или пак од 17-24.

Линкови за двата натпревари:

13.07, 11:00, Австрија – Македонија (ЛИНК)
14.07, 11:00, Македонија – Летонија (ЛИНК)

За гледање на натпреварите, потребно е да направите регистрација на ЕХФ ТВ платформата, како и претплата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT