ТФТ в сабота организира еколошка акција, сите учесници ќе добијат бесплатни влезници

227

Тимот на ТФТ, кој во досегашниот тек од сезоната нема пораз, в сабота организира голема еколошка акција под наслов „ТФТ се грижи“.

,,Дојдете, исчистете го маалото, донесете полна кеса со отпадоци и добијте влезница за следниот натпревар на наш терен”, стои во дел од соопштението на клубот.

ТФТ на 11 ноември ќе го одигра соседското дерби со Работнички, додека во следното, 7. коло ќе се соочи со „залетаниот“ Чаир во СРЦ „Кале“.

Токму за натпреварот со Чаир ќе бидат доделени бесплатните влезници.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе