Победата од 33-32 над ЕШ од Луксембург на реваншот не беше доволна за Тиквеш да го продолжи својот пат во ЕХФ Европскиот Куп, односно за првпат во својата историја да мине едно коло.
Гостите од Луксембург ја сочуваа предноста од првиот дуел (30-27) и се пласираа во следната фаза во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Кавадарчани двата натпревари против тимот од Луксембург ги одиграа на свој терен, во спортската сала „Јасмин“, но ни поддршката од трибините не беше доволна за историски пласман во втората фаза од ЕХФ Европскиот Куп.