Најдобриот голман од кадетскиот Ф4 (2022) ќе брани за новиот прволигаш

548

Еден од двата нови прволигаши, тимот на Илинден, ги започна подготовките за големиот предизвик што го носи дебитантската сезона во прволигашкото друштво, а во составот пристигна и добро познато име, дознава Спортска Димензија.

Станува збор за голманот Наум Симјановски (генерација 2004), кој во новата сезона ќе биде меѓу опциите на тренерот Дарко Јанев. Симјановски беше прогласен за најдобар голман на кадетскиот Ф4 во 2022 година, на кој неговиот тогашен клуб Бутел Скопје, предводен токму од Дарко Јанев, ја освои шампионската титула во кадетската конкуренција.

Младиот голман зад себе има и суперлигашко искуство. Како член на Бутел Скопје, доби прилика да настапи на неколку натпревари во најквалитетното домашно првенство, а во тој период беше и на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија.

Од вториот дел од сезона 2024/25 Симјановски настапуваше за прволигашот Драчево Јуниор, додека претходно беше дел и од составот на Шампион. Сега повторно ќе соработува со Дарко Јанев, со кого веќе има успешна приказна од кадетските денови.

 

Еден од најдобрите кадетски стрелци ќе игра во Првата лига

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT