Поранешен репрезентативец на Македонија во стручниот штаб на најмладиот суперлигаш

3

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Златко Даскалоски, својата тренерска кариера ја продолжува во редовите на најмладиот суперлигаш – Мулти Есенс.

Даскалоски во вториот дел од минатата сезона се повлече од активното играње и беше дел од стручниот штаб на Пролет, но поради состојбата во сега веќе поранешниот суперлигаш, се одлучи за нов ангажман.

41-годишниот Даскалоски својата тренерска кариера, конкретно како тренер на голмани, ја започна додека настапуваше за Голден Арт, работејќи со голманите од сите категории.

Таквата двојна улога продолжи и во Пролет, а во оваа сезона ќе биде тренер на голманите во повратникот во суперлигашкото друштво.

Во својата играчка кариера, стружанецот настапуваше за Струга, Пролет, Вардар, Бутел и Голден Арт, а во странство беше дел од Ловќен (Црна Гора), Анкара (Турција), Темишвар (Романија) и Стразбур (Франција).

Мулти Есенс оваа сезона ќе игра во Супер лигата, откако во мината сезона ја освои титулата во Првата лига и обезбеди директен пласман во најквалитетното домашно сениорско натпреварување.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT