Спектакл во Гевгелија: Вардар и Охрид за првиот трофеј во новата сезона

68

Новата ракометна сезона во Македонија ќе започне со борба за трофеј во Супер Купот, а домаќин на годинешното издание ќе биде градот Гевгелија.

На 2 септември, во Спортската сала „26-ти Април“, актуелните финалисти од Купот на Македонија, Вардар и Охрид, ќе се соочат во натпреварот за трофејот во Супер Купот.

Почетокот на дуелот е закажан за 19:00 часот, па љубителите на ракометот од Гевгелија и околината ќе имаат можност да присуствуваат на уште еден голем ракометен настан, по оној во 2024, кога за трофејот во Супер Купот се бореа Алкалоид и Еурофарм Пелистер.

Деталите околу продажбата на билетите ќе бидат објавени дополнително.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT