Прва лига: Дебитантите со домашна премиера, Преспа за прв ривал го има Текстилец, а Вардар Неготино гостува кај Драчево Јуниор

0

Новата сезона во Првата ракометна лига ќе стартува на 12/13 септември, а уште во воведното коло се издвојуваат неколку интересни дуели.

Новиот прволигаш Илинден во првото коло ќе биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров, додека третопласираниот тим од минатата сезона, Драчево Јуниор, ќе ги одмери силите со Вардар Неготино, кој во новата сезона влегува со Аце Станковски како тренер.

Вториот нов прволигаш, а воедно и нов ракометен клуб –  Сокол Саса од Македонска Каменица, сезоната ќе ја отвори на домашен терен против Партизан од Гевгелија. Тоа ќе биде убава можност за љубителите на ракометот во Македонска Каменица уште на стартот да го проследат својот тим во големиот предизвик.

Довчерашниот суперлигаш Пролет во првото коло ќе се соочи со Шампион, додека Преспа на домашен терен ќе го пречека Текстилец. Уште еден довчерашен суперлигаш, Радовиш, сезоната ќе ја отвори со гостување во Скопје кај Аеродром.

Овче Поле, клуб кој во минатата сезона заврши на 10. позиција, на стартот ќе гостува во Гостивар кај Јехона, која ќе продолжи по ланскиот рецепт.

Првото коло носи интересни пресметки и најава за возбудлива сезона во прволигашката конкуренција, во која дел од тимовите ќе се борат за што подобар пласман, а дел имаат амбиции за влез во Супер лигата.

Прва машка лига, сезона 2025/26:

1 – коло
Илинден – Македонија Ѓорче Петров
Јехона – ГРК Овче Поле
Аеродром – Радовиш 
Драчево Јуниор – ГРК Вардар Неготино 
Пролет –  Шампион
Сокол Саса – Партизан
ГРК Преспа – РК Текстилец УГД

Исто како и во минатата сезона, ќе се игра еднокружен систем, односно ќе се одиграат вкупно 26 кола. Првопласираниот тим ќе обезбеди директен пласман во домашната елита, додека екипата која ќе заврши на 2. место ќе игра бараж за пласман во Супер лигата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе