Преспа доби квалитетно засилување: Се врати Томче Трајчевски

113

Екипата на Преспа вечерва пред својата публика го одигра првиот натпревар од новата сезона во прволигашката конкуренција. Гостин во Ресен беше Текстилец од Штип, кој си замина победнички. Гостинскиот тим триумфираше со 35-33, па Преспа во следното коло ќе ги бара првите бодови. 

Во Ресен се врати играчот со суперлигашко искуство, кружниот напаѓач Томче Трајчевски, кој секако ќе биде од голема помош за своите помлади соиграчи. Неговото враќање носи потребна цврстина во одбраната и дополнителен квалитет во нападот, со оглед на тоа што зад себе има богато искуство од домашните суперлигашки терени.

Трајчевски потекнува од школата на Младост Ресен, а во својата кариера настапуваше и за Јуниор КВ од Скопје, Прилеп и Радовиш во два наврати. На дуелот против Текстилец, кружниот напаѓач имаше 100% реализација (4/4).

Во следното 2. коло од Првата лига, тимот на Преспа го очекува дуелот во Гевгелија кај екипата на Партизан.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе