Муратовски е херојот – Водно Санс ја доби драмата против Феникс

344

Тимот на Водно Санс во драматичен натпревар славеше над Феникс со 86:85 во дерби дуелот од М16 лигата, дуел кој беше одигран во СЦ „Јане Сандански“. Иако Водно Санс губеше во првата четвртина со 23:12, сепак, во вторите 10 минути направи камбек, го презеде водството и на полувреме замина со пет разлика, 35:30.

Водно Санс беше подобар и во третата четвртина, а во последната, она одлучувачка, следуваше голема драма.  При предност од 72-70 за Водно Санс, Феникс направи серија од 6-0 и во последните две минути влезе со плус шест, 85-79. Играчите на Водно Санс во клучните моменти покажаа карактер и челична волја која руши граници. Фаул, кош и погодено слободно, надополнето со серија од 4 поени на Муратовски,  како и одбрана во последната секунда, им донесе победа на Водно Санс од 86-85.

 

 

 

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе