Екипата на Еурофарм Пелистер 2, која во претходното коло славеше против Куманово и освои два важни бода во борбата за плеј-офот, во новото, 6. коло ќе има тешко гостување во Богданци.
Избраниците на Бранислав Ангеловски за следен ривал го имаат Младост, кој покажа дека може да биде опасен тим, а на досегашните натпревари успеа да освои два гостински бода од дуелите со Бутел и Мулти Есенс (30:30, 21:21).
Младите пелистерци, освен на дуелот со Куманово, триумфираа и во Автокоманда кај Мулти Есенс, а доколку победат во Богданци, тогаш ќе го зголемат бодовното салдо и ќе дојдат на шест бода.
Поддржете ја нашата работа и бидете дел од развојот на Спортска Димензија – почести нè со виртуелно кафе. Bашата мала поддршка за нас значи многу
Домаќините, како и секој натпревар, така и в сабота, ќе имаат голема поддршка од трибините, што се очекува да биде дополнителен мотив за битолчани.
Натпреварот меѓу Младост и Еурофарм Пелистер 2 е закажан за 10 октомври, со почеток од 17:00 часот, во спортската сала „Млаз“.
ТАБЕЛА
