Дамчевски и Василевски ефикасни – Еурофарм Пелистер 2 подобар во братскиот младински двобој

31

Денеска се одиграа преостанатите три натпревари од 4. коло во младинската ракометна лига во машка конкуренција, а во братскиот битолски двобој подобар беше Еурофарм Пелистер 2, кој триумфираше со 39:26 (17:13).

За младинскиот тим на „двојката“ денешниот триумф беше втор во новата сезона, додека младинскиот тим на Еурофарм Пелистер засега е без освоен бод, а првата победа ќе ја бара во 5. коло, на гостувањето во Скопје кај Вардар.

На денешниот дуел во „Боро Чурлевски“, Андреј Дамчевски и Стефан Василевски беа најрасположени во победничкиот тим, а воедно и најефикасни на натпреварот со по девет погодоци.

Андреј Дамчевски во минатата сезона беше меѓу најконстантните играчи во младинската лига, која ја заврши со 139 постигнати погодоци и 63 реализации кај кадетите. Стефан Василевски, исто така, имаше одлична сезона со 126 гола во младинската конкуренција, а дополнително постигна и 136 погодоци во кадетската лига.

Двајцата и во новата сезона продолжуваат во ист ритам, што го потврдија и на денешниот натпревар, на кој имаа по девет реализации.

Кај Еурофарм Пелистер, први стрелци беа Матеј Мачковски и Михаил Јовевски со по пет погодоци.

Целиот натпревар на видеото во продолжение…

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе