Македонецот Даниел Мишовски, кој од оваа сезона има нов клуб во Словенија, повторно имаше одлична партија во тамошната М20 лига.
Во натпреварот од 4. коло, неговиот тим Драва Птуј триумфираше на гостински терен кај Ормож со 36-33.
Мишовски имаше значаен придонес во победата на Драва Птуј, натпреварот го заврши со девет одбрани, од кои една беше и од пенал.
За македонскиот голман ова беше уште една добра партија во новата средина. Во 1. коло, против својот поранешен клуб Марибор, Мишовски имаше одличен настап со дури 14 интервенции.
Поддржете ја нашата работа и бидете дел од развојот на Спортска Димензија – почести нè со виртуелно кафе. Bашата мала поддршка за нас значи многу